Високиот функционер на Европската унија за надворешна политика кажа денес дека сојузниците ќе разговараат за потенцијано нафтено ембарго кон Русија.
Жозел Борел кажа дека се надева оти забраната ќе биде постигната наскоро. Претходниот ден членките на Европската унија не успеаја да се договорат за санкции за забрана на увоз на јаглен од Русија.
Борел исто така, кажа дека новиот пакет санкции против Русија, кој вклучува забрана за увоз на руски јаглен, членките на Европската унија би можеле да го договорат денес или утре.