Еве кои земји ќе учествуваат на Евровизија

Официјалниот евровизиски канал ја објави листата на земји кои следната година ќе се натпреваруваат во Ливерпул, а меѓу нив не е Македонија. Од натпреварот уште се откажаа и Црна Гора и Бугарија.

Како причина за повлекувањето, сите го наведуваат проблемот со финансиите.

Google search engine

„Одлуката е во најдобар интерес на јавноста, со оглед на зголемените трошоци поради енергетската криза, кои зафаќаат голем дел од буџетот за јавни услуги“, рекоа од МРТ.

И Црна Гора го оправда своето повлекување со преголемите трошоци.

„Покрај значителните трошоци за котизација, како и трошоците за престој во Велика Британија – се соочивме и со недостиг на интерес од спонзорите, па решивме постоечките ресурси да ги насочиме кон финансирање на тековни и планирани национални проекти и организациските и програмските реформи, кои повлекуваат значителни инвестиции, влијаат на опремата и просториите“, велат од таму.

На списокот земји-учеснички ги нема ни Русија и Белорусија, кои беа забранети поради војната во Украина.