Еве како пламна солитерот во Милано: Зграда висока 60 метри изгоре целосно (ВИДЕО)

Висок солитер во предградието на Милано целосно изгоре во ужасен пожар, а пожарот избувна на 15-от кат на облакодерот, пренесуваат италијанските медиуми.

Google search engine

Италијанските медиуми наведуваат дека пожарот избувнал на 15-от кат и оттаму се проширил на целата зграда во која живеат околу 70 семејства. Пожарот се ширеше со голема брзина, а пожарникарите и покрај напорите не успеаја да го изгаснат огнот и да го спречат неговото ширење.

Засега не се познати информации за можните жртви, а како што може да се види на снимката, солитерот бил во реконструкција бидејќи пожарот ја голтал големата церада која целосно ја покриваше зградата. Се претпоставува дека пожарот се проширил токму затоа што церадата била зафатена од оган.

Според медиумите во Италија, највисоките катови биле во процес на реновирање, за што сведочат надворешните скелиња на облакодерот. Пожарот тотално ја уништи фасадата на зградата, изработена од плочи кои, поради експлозии во становите, паднаа и на улица.

Зградата се состои од 16 ката, од кои неколку се за станбена употреба и е висока околу 60 метри. Комплексот се состои од два подземни ката, во кои има гаражи, места за паркирање, технички простории и подруми, надземен кат што се користи за комерцијални активности и горен дел каде што се изградени дуплексите.