Еве како напаѓачот го впери пиштолот во потпретседателката на Аргентина(ВИДЕО)

Потпретседателката на Аргентина преживеа обид за атентат откако вооружен маж и впери наполнет пиштол во главата од непосредна близина и го повлекол чкрапалото, но оружјето се заглавило.

Кристина Фернандез де Киршнер (69) вчера вечерта пристигнала пред својата куќа во Реколета, Буенос Аирес, пред толпата приврзаници кога излегол потенцијалниот атентатор и вперил пиштол во неа.

Google search engine

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како голем број луѓе ја пречекале потпретседателката која била придружувана од нејзиното обезбедување.

Излегла од автомобилот, кога наеднаш се појавил напаѓач кој и вперил пиштол.

Се се случило во дел од секундата, а за среќа потпретседателката не е повредена. Како што пренесуваат аргентинските медиуми, пиштолот бил на само неколку сантиметри од главата на потпретседателката.

Настана метеж, но напаѓачот брзо беше совладан. Напаѓачот, идентификуван од властите како 35-годишен маж со бразилско потекло, полицијата брзо го уапсила и му било конфискувано оружјето.