Познатата белградска брачна и деловна двојка која изгради империја во Швајцарија – Филип и Медлин Цептер имаат посвоена ќерка Ема, која малкумина ја знаат.
Иако е опкружена со луксуз, таа не се изложува на медиумите, туку ревносно студира психологија во Лондон. Ема важи за голем љубител на уметноста, а нејзиниот впечатлив моден стил и обезбеди армија следбеници на мрежите.
Исто така, врз основа на нејзините фотографии на Инстаграм може да се заклучи дека обожава патувања, а егзотичните дестинации и се омилени.
Инаку, интересно е и тоа што вилата на Дедиње, која е во сопственост на нејзините родители, го добила нејзиното име, а Филип и Медлин своевремено, во далечната 2000 година, на најдобар можен начин ја објавиле веста дека малата Ема станала член на нивното семејство.
– Таа дојде во нашите животи еден декемвриски ден во 2000 година и веднаш се смести во нашите срца каде што отвори простор кој претходно го немаше. Убаво е кога човек може да се реализира како творец, а потоа да стане родител, а уште поубаво е кога можеш да исправиш неправда и наместо болка, да создадеш љубов. Ми се случи и првото и второто – изјави тогаш Мадлена.
Инаку, Медлин долги години живее во Монако, но подеднакво е „дома“ и во Париз, Виена, Милано… иако во срцето и е родниот Белград. Нејзиниот сопруг, со вродена енергија и голема деловна креативност, изгради своевидна деловна империја на светско ниво.
Поранешна професорка по книжевност, израсната во семејство во кое се вреднуваше уметноста и каде меѓусебната љубов и хуманоста беа основни доблести, кај Филип најде човек со исти хумани пориви.
– Ја препознавам таа нишка во моите семејни корени. Уште како дете сакав да ги усреќувам другите и како и секогаш во ова ја имав поддршката од мојата драга мајка. Најважно е да можете да сочувствувате. Со текот на времето, тоа стана морална матрица на мојот однос кон луѓето. Имав среќа во мојот сопруг да најдам човек кој ги носи истите морални вредности. А животот ни го враќа само она што ние им го даваме на другите – изјави еднаш Мадлена Цептер за „Стори“.