Еве каде можете да купите остров по цена на еден стан во Европа!

Наместо стан во некој од европските градови, луѓето поволно можат да купат цел остров.

Неодамна била објавена листа со цени на шест приватни острови кои чинат помалку од тоа што некој би очекувал, пишува “Mondo”.

Google search engine

1. Остров Игуана, Никарагва

Најскапиот остров на оваа листа има два хектари плажа покриени со бел песок и шума, која е заштитена. Богат е со кокосови палми, а гарантира максимална приватност.

На островот има трикреветна куќа со две бањи, трпезарија, бар и дневна соба, како и сместување за персоналот.

Цената одговара на луксузен стан на брегот на средоземното море во францускиот град Колиуре, за кој е потребно да издвоите 396.951 евра.

2. Остров Карабана Сол, Панама

Со овој остров доаѓа и гаража за глисер и имот со два одвоени станови кои се подготвени за вселување. Дизајниран најпрво за луѓе кои уживаат во забава , овој остров има дополнителни атракции: крената тераса со скара, хидромасажна када, приватна песочна плажа и приватна лагуна за капење во кристално чиста вода.

За посетителите да немаат чувство на отсеченост од светот, има и безжичен интернет и телефон, а до бројни барови и кафулиња може да се дојде со кратко возење со глисер. Цената е еквивалент на еднособен стан во Ница, кој чина 338.000 евра.

3. Остров Бокал, Никарагва

Продаден мината година, овој остров може да се пофали со куќа за гости со две спални соби, куќа за чувар, простран базен и километри долги песочни плажи. Иако треба да чини многу повеќе, со оглед на тоа колкава површина зазема, цената е намалена на 292.535 евра.

4. Остров Маџестик, САД

Езерото Бивер Дан во Висконсин познато е по 26 помали острови и зазема површина од 2.719 хектари. Овој остров се појавил на пазарот минатата година, како совршено место за набљудување на живиот свет во езерото и неговата околина. Чини 287.000 евра, колку и еден стан со површина од 131 метар квадратен на Марбеља.

5. Остров Денхатан, САД

Сега продаден, овој остров во Конетикат се наоѓа на езерото Ашланд. Мирниот остров е подготвен за шумска куќа од осум лица, а сопствениците добиваат пристаниште и чамец. Во затворената населба Фуншал, во Мадеира во Португалија, еднособен стан чини 265.000 евра, исто како и овој остров.

6. Голем остров Танкук, Нова Шкотска, Канада

Дел од овој остров може да биде купен, дали за семеен имот, хотел или камп. Престојот во оваа канадска провинција е идеален за љубителите на едноставен начин на живот. Карпестите брегови на Нова Шкотска се богати со рибари, а околу 125 од нив се постојани жители на тоа подрачје.

Цената на овој остров, како што пренесува “Euronews.travel”, е еднаква на еднособен стан од 63 квадрати во Сончев Брег, во Бугарија, кој чини 58.000 евра.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.