ЕУ официјално ја отфрли руската вакцина, но Брисел сè уште потајно ја ‘брка’!

ЕУ официјално ја отфрли вакцината Спутник В и ја прогласи за непожелна, но позади очите на јавноста, официјален Брисел се свртува кон таа руска вакцина, бидејќи мора да се вакцинираат 450 милиони граѓани на ЕУ и да го вратат животот во нормала, дознава „Ројтерс“ во дипломатските кругови во Брисел.

Официјален претставник на ЕУ, кој учествува во преговорите за набавка на вакцини со фармацевтски компании, рече дека владите на земјите членки на ЕУ размислуваат да започнат преговори со производителите на Спутник В врз основа на барањето на четири земји членки за започнување на процесот на преговори.

Реклама

Станува збор за Унгарија и Словачка, кои веќе набавиле руски вакцини, Чешка, која изразила интерес, а европските власти потврдија дека Италија планира да започне со производство на Спутник во својот најголем биореактор во фабриката „ReiThera“, во близина на Рим.

Европската агенција за лекови досега одобрила примена на вакцини од четири производители, но имунизацијата во ЕУ бавно се одвива поради пропустот во производствениот процес.

Доколку Спутник В биде одобрен и во ЕУ, тоа ќе биде голема дипломатска победа за Русија, која веќе една година е на удар на трговските санкции од Брисел, поради присвојувањето на Крим и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина, наведува „Ројтерс“.

Реклама