ЕУ не може да се договори за ембаргото: „Заложници сме на една членка“

Европската Унија ќе го усвои шестиот пакет санкции против Русија, но на блокот ќе му треба повеќе време за да постигне договор, изјави министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, пред состанокот во Брисел.

„Навистина нема оправдување да не се усвои тој пакет“, рече тој.

Реклама

„Убеден сум дека во наредните денови ќе усвоиме нов пакет санкции, јасно е дека уште има потреба да се разговара, но верувам дека разговорите треба да се одвиваат онаму каде што им е местото, за да не се испрати слика за несогласување. Русија нè гледа“, рече австрискиот министер за надворешни работи, Александер Шаленберг.

Од Литванија, пак, велат дека една земја членка ја држи во заложништво целата Европска Унија, мислејќи на Унгарија.

За потсетување, најновиот пакет санкции предвидува и ембарго на руската нафта, на што најостро се противи Унгарија.

Унгарската влада инсистира на тоа дека унгарскиот народ не смее да биде принуден да ја плаќа цената на војната во Украина, изјави министерот за надворешни работи, Петер Сијарто.

Реклама