ЕСМ утре ги презема БЕГ и Скопје Север, најавуваат три часа повеќе парно за скопјани

ЕСМ од утре (21 јануари), согласно владината одлука, ќе го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север до крајот на грејната сезона, со што се решава проблемот со парното затоплување во Скопје, а за скопјани е најавено дека ќе добијат три дополнителни часа греење, односно до 1 часот по полноќ.

Ние не субвенционираме приватни фирми и затоа  е донесена одлука од страна на ЕСМ, која е фирма во 100 процентна сопственост на државата, да се преземе управувањето со БЕГ. Во пресрет на корисниците ќе излеземе преку ЕСМ, а не преку БЕГ, како што беше претходно најавено, имајќи предвид дека не се вклучија општините и Градот Скопје за да помогнат во оваа ситуација. Преку државната ЕСМ ќе се покрива разликата од реалната и постојната цена за корисниците, рече Бектеши на денешната средба со новинарите.

Реклама

Тој нагласи дека одлуката ЕСМ по 21 јануари да го преземе управувањето со компаниите произлегува од уредбата која беше усвоена од страна на Владата на предлог на Министерството во текот на минатата недела.

Најверојатно од 21 јануари снабдувањето, производството и дистрибуцијата на топлинска енергија ќе биде преземено од страна на ЕСМ, согласно договорот за деловно техничка соработка помеѓу ЕСМ и БЕГ, за време кое треба да го утврдиме до четврток, рече Бектеши на денешната средба со новинарите.

Реклама