Ештон Качер и Мила Кунис открија анегдота од спалната: „Мислев дека гледа филмови за возрасни, а таа…“

Ештон Качер и Мила Кунис неодамна во една емисија раскажале анегдота од својот приватен живот.

Имено, актерот изјавил дека се изненадил кога среде ноќ забележал дека неговата сопруга гледа во екранот на лаптопот, мислејќи дека гледа 18+ филмови.

Google search engine

„Не ми беше јасно што се случува. Бев збунет. Помислив дека можеби уште некој е со нас во кревет“, започнал Качер.

Сепак, актерката објаснила за што точно станувало збор – ја гледала хит серијата „Bridgerton“.

„Тогаш бев на петтата епизода, а сите знаеме што се случува во неа. Обично заспивам околу 10 часот навечер, но поради серијата останав будна до после полноќ. Ештон се разбуди, виде што гледам и ме праша дали тоа се филмови за возрасни. Му реков да молчи и да ме пушти да ја догледам венчавката докрај“, рекла Мила Кунис.

Инаку, Нетфликс неодамна објави дека „Bridgerton“ е нивната најуспешна серија досега, а на социјалните мрежи брзо станала позната по ‘жешките’ сцени.