Ешли Грејам позираше целосно гола во деветтиот месец од бременоста: „Женското тело е чудо“

Славната плус сајз манекенка Ешли Грејам на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира целосно гола во деветтиот месец од бременоста.

Ешли би требало да роди близнаци, кои ги чека со сопругот Џастин Ервин на почетокот на 2022-ра година.

Google search engine

„Џастин вели дека моите стрии изгледаат како дрвото на животот“, напишала покрај фотографијата која собрала повеќе од милион допаѓања.

Многу следбеници ѝ упатиле позитивни и охрабрувачки коментари.

„Женското тело е чудо“, „Прекрасна си“, „Прекрасна мајка“, „Толку си убава“, „Твојот сопруг е во право“, се само некои од коментарите под објавата.

Ешли и Џастин веќе имаат син, 1-годишниот Исак Менелик Џовани Ервин.

Претходна„Провери па купи“ – нова платформа за безбедно купување онлајн
СледнаПутин и Бајден утре ја остваруваат најавената средба, се знае и која е главна тема на разговорот