Ердоган Турскиот шокирал со изјавата: Светот не смее да биде препуштен на земјите победнички во Втората светска војна

“Судбината на човештвото не треба да се остави на милост и немилост на “една рака земји”, победници во Втората светска војна”, рекол турскиот претседател Ердоган.

Претходно Ердоган рекол дека постои мапа со патишта, осмислена да “ги натера во аголот” постојаните земји членки на Советот за безбедност на ОН, за да се прошират правата на другите земји членки на оваа меѓународна организација.

Google search engine

“Судбината на човештвото не може и не смее да биде препуштена на милост и немилост на неколку земји кои победија во Втората светска војна. Додека светот се менува, а дипломатијата, трговијата, меѓународните односи минуваат преку радикални трансформации, незамисливо е архитектурата на глобалната безбедност да остане иста”, рекол Ердоган зборувајќи во парламентот на Ангола во текот на посетата на оваа земја. Говорот бил објавен на неговиот профил на Твитер.

Според зборовите на турскиот лидер, неподготвеноста да се сослушаат барањата за промени значи “упорни обиди да се одржи статусот настанат по Втората светска војна”.

Ердоган истовремено додал дека “светот е повеќе од пет”, што значи пет постојани членки на Советот за безбедност при ОН.

Во јули заменик рускиот претставник во ОН, Дмитриј Пољански во интервју за весникот “Известија” рекол дека Москва се противи на зголемувањето на бројот на постојани членки на Советот за безбедност при ОН на сметка на земјите на “колективниот Запад”.

Тој нагласил дека такви земји во Советот за безбедност веќе има доволно и дека е потребно организацијата да се концентрира на влезот на земјите во развој.

ПретходнаФејсбук го менува името, компанијата планира промена на брендот?
СледнаОткриена е големата тајна на Тома Здравковиќ и српската актерка! Со години се обидуваа да ја сокријат, но ова е вистина