Ердоган предлага итни мерки за заштита на лирата

Владата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави итни мерки за стимулирање на турската лира, вклучително и спроведување на нова програма за заштита на заштедите од движењето на локалната валута.

Владата ќе ги компензира загубите на имателите на депозити во лири доколку депрецијацијата на валутата во однос на тврдите валути ги надмине стапките кои ги ветуваат банките, рече Ердоган по состанокот на владата во Анкара.

Google search engine

Лирата успеа да се опорави од претходната депрецијација – во еден момент се тргуваше по 17.424 лири за долар, а вчера во вечерните часови беше по цена од 14,7229 лири за долар.

„Отсега никој од нашите граѓани нема да мора да ги конвертира своите депозити од турски лири во странска валута поради загриженоста за девизниот курс“, рече Ердоган.

Мерките се насочени кон ограничување на малопродажната побарувачка за долари и ставање крај на тримесечната драма околу националната валута. Лирата изгуби повеќе од половина од својата вредност во однос на доларот од септември, при што падот доби на интензитет откако Ердоган минатиот месец го претстави економскиот модел кој главно се потпираше на ниските каматни стапки и евтината валута.

Оваа одлука го покажува хаосот што следува на турските пазари.

„Турција нема ниту намера, ниту потреба да направи ни најмал чекор назад од слободната пазарна економија и валутниот режим“, рече тој.

Според него, земјата може да се ослободи од зависноста од странски капитал со напуштање на старите практики на кои приоритет им се високите каматни стапки и силните парични текови. Во срцето на неговите идеи е ставот дека ниските каматни стапки ќе ја намалат и инфлацијата на потрошувачките цени – сосема спротивно од конвенционалниот став меѓу централните банки и економистите. Брзиот пад на вредноста на турската валута доведе до подеднакво брз пораст на цените во земјата – до тој степен што вработените во супермаркетите не можат да го следат чекорот со промените на етикетите на производите.

- АУДИО РЕКЛАМА -