Ердоган откри: Шолц го промени својот став кон Путин – „Рускиот претседател не е од оние луѓе кои се повлекуваат под притисок“

Германскиот канцелар Олаф Шолц го промени својот став кон Русија, изјавил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во интервју за телевизијата „A Haber“.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц пред еден месец имаше сосема поинаков став кон Владимир Путин, а сега го промени ставот кон Русија подвлекувајќи дека е неопходно да се пронајде заеднички јазик“, рекол Ердоган.

Google search engine

Тој навел дека во отстранувањето на проблемите на меѓународната арена големо значење има дипломатијата на лидерите.

Ердоган претходно нагласил дека европските лидери избрале погрешен пристап кон рускиот претседател, бидејќи, според неговите зборови, Владимир Путин не е од оние луѓе кои се повлекуваат кога ќе почувствуваат притисок.

Турскиот претседател соопштил дека по преговорите со рускиот претседател било договорено да се обнови работата на прехранбениот коридор.

Русија на 29-ти октомври објавила дека се повлекува од прехранбениот договор со ОН, кој обезбедува извоз на производи од украинските пристаништа поради терористичките напади со украински дронови на бродови на Црноморската флота во водите кај Севастопољ. Освен тоа, Русија барала до 31-ви октомври да се организира заседание на Советот за безбедност при ОН.