Спасувајќи ја главата како неистомисленик на турскиот режим, познатиот фудбалер, Хакан Шукур побегна во Соединетите Американски Држави, каде живее во беда и сиромаштија и покрај милионите што ги има заработено во неговата кариерата.
Легендарниот голгетер на Галатасарај, мораше да побегне од својата татковина, за да не заврши зад решетки, а причината за тоа е што тој јавно му се спротивстави на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган.
Тој успеал да побегне во Калифорнија, а за да преживее почнал да прави работи за кои не ни сон никогаш не му текнувале, а денес мора за да се прехрани. Денес работи како дистрибутер на храна во еден ресторан во Калифорнија.
Често е активен и на социјалните мрежи каде објавува видеа на кои покажува дека првата љубов не се заборава – фудбалот, тоа му е во крвта и едноставно не може без него.
View this post on Instagram
Мојата ситуација е многу тешка. Ми земаа сè, речиси сè што имав и се што инвестирав во Турција, изјави Шукур, обвинувајќи го турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за сите овие проблеми.
Тој ме замоли да се приклучам на неговата партија бидејќи ќе освоил повеќе гласови така, а потоа ме претвори во државен непријател, само затоа што не ги делев истите идеи како него, објасни Шукур во изјавата, додавајќи:
Ми зедоа сè. Ми го избркаа моето семејството, го уапсија татко ми. За жал, сите оние кои го кренаа својот глас во Турција и кои бараа демократија, сега ја плаќаат цената во затвор. Добро е што турските фудбалери можат да играат во странство, бидејќи им велам да не се жалат, затоа што ќе завршат како мене. Никогаш повеќе нема да имаат можност да се вратат во Турција бидејќи режимот контролира се, изјави легендарниот фудбалер и јавно ги праша поранешните соиграчи и пријатели да му помогнат и да му обезбедат шанса да се пресели во Италија.
Ако некој е доволно храбар да ми даде шанса во италијанскиот фудбал, тоа би ми значело многу, изјави Шукур.
Хакан Шукур е апсолутна легенда на Галатасарај, а тој во неговата богата кариерата настапуваше и за Блекбурн, Парма, Интер, Торино, Бурсаспор и Сакаријаспор.
За турската репрезентација има одиграно 112 натпревари и има постигнато 51 гол. Тој исто така е и стрелец на најбрзиот гол во историјата на светските првенства.
Откако тој на 36 години реши да ја заврши кариерата, ја направи најголемата грешка во животот, а тоа е неговото влегување во политиката.