Епидемиолог објасни како функционира новиот лек на Фајзер: Има неверојатни резултати, но дали е алтернатива за вакцината?

Една од првите држави во светот која што ќе го добие новиот лек т.е. таблети против Ковид-19 а прозиведен од компанијата Фајзер, е нашиот северен сосед Србија. Овој лек го намалува ризикот од хоспитализација и смрт од Ковид-19 до 90 отсто. Др. Миланко Шеклер го објасни овој лек каков е и на кој начин тој делува кај луѓето.

Овој лек е нешто што долго се изучува, не е нешто што е ново откриено за неколку месеци, се работи за истражување кое е правено неколку години, изјави Шеклер и додаде дека научниците во целиот свет сите овие години најмногу бараат активни супстанци во билките, и претпоставува дека тоа е и случај со овој лек на Фајзер.

Google search engine

Како и секој лек од ваков тип, и овој лек го спречува вирусот да направи простор во телото за нови вируси, поточно ја спречува протеазата ензим кој ги намалува протеините. Овој лек поточно ја блокира протеазата, изјавува др. Миланко.

Важно е да се знае дека е познато дека ова е слабата точка на сите вируси, изјави тој, додавајќи дека Фајзер го тестирал својот лек на имунокомпромитирани лица.

Во студиската група во која не се даваше плацебо, никој не почина, нагласува вирологот, но и фактот дека овој лек драстично ја намалува можноста за хоспитализација.

Тој посочува дека лекот оди во комбинација со друга, стара антивирусна супстанца, бидејќи има улога да го продолжи дејството на лекот и да одржува подолга концентрација на лекот.

На прашањето дали лекот ќе се зема превентивно или по инфекцијата, Шеклер наведува дека овој лек, како и секој антивирусен лек, бил ефикасен во првите три дена од симптомите.

До петтиот ден од појавата на симптомите треба да се пие на секои 12 часа. Тековните студии испитуваат дали може да се зема и превентивно, вели вирусологот.

Компанијата Фајзер вети дека цената на лекот ќе се одредува според куповната моќ на секоја поединечна земја, потсетува Шеклер, но додава дека ќе треба долго време да се произведат капацитети за производство на лекот, кој ќе биде многу баран, а тоа значи дека за вакцината нема алтернатива.

- АУДИО РЕКЛАМА -