Емотивна фотографија која ја растажи цела Европа: Легендата на Јувентус, чаша пиво и чекање на сопругата која никогаш нема да дојде

Морено Торичели со сигурност е еден од најблагодарните фудбалери кои некогаш играле за Јувентус. Италијанецот на некој начин ја одбележал златната година на популарната „Стара дама“.

Кога во 1992 година Каратезе играл против Јувентус на подготовките, Торичели толку многу го импресионирал Џовани Трапатони што тој издвоил 50 милиони лири да го доведе во неговиот клуб.

Google search engine

Инаку, тогаш 22-годишниот фудбалер работел и како столар, баш како и Мистер Џепето од познатиот роман „Пинокио“.

Кога дошол во Јувентус по некое време Роберто Баџо му го доделил прекарот Џепето.

Иако не го краселе техниките, класата и вештините со топката благодарение на борбеноста биле предностите во напорната работа, а тој бил одличен дефанзивец.

 

Го краселе енергијата и тактичката интелигенција, а освен тоа бил физички исклучително моќен фудбалер. Покрај тоа имал и моќен менталитет, што било круцијално за неговиот фудбалски успех.

Кога ја завршил кариерата кратко време работел како тренер, а денес овој 52-годишен човек живее скромно и далеку од очите на јавноста.

На социјалните мрежи се појавила и негова фотографија како седи во едно кафуле со мобилниот телефон во рака и со чаша пиво до него.

Навивачите и почитувачите на неговиот лик и дело оваа фотографија ја окарактеризирале како негова тага по сопругата која трагично ја загубил.

„Вака изгледа човек кој чека некој кој никогаш нема да дојде. Добриот наш Џепето“, напишал еден од навивачите на Јувентус.

Инаку, сопругата на Торичели, Барбара, починала во октомври 2010 година како последица на леукемија.

„Не можев да продолжам со фудбалот. Болеста ми ја одзеде сопругата и останав дома да ги одгледувам децата. Фудбалот стана неважен“, своевремено зборувал Торичели.

 

- АУДИО РЕКЛАМА -