ЕМА: Третата доза на „Фајзер“ е безбедна, но се’ уште нема јасна препорака за тоа кога и кој треба да ja добие

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека третата доза на вакцината „Фајзер“ за луѓе на возраст од 15 до 55 години, земена најмалку шест месеци по втората доза, е „безбедна и дава значителен скок на антителата“ во споредба со оние присутни по втората доза.

Д-р Марко Кавалери, во име на ЕМА, наведува дека се’ уште нема јасна препорака за тоа кога и кој треба да добие засилувачка доза и oти таквата одлука треба да се донесе врз основа на достапните епидемиолошки информации и податоци за ефикасноста и безбедноста на вакцината.

„Во моментов, миокардитис и перикардитис се главните безбедносни ризици поврзани со mRNA вакцините, особено по втората доза. Повеќето од овие случаи се благи, а ризикот од нивна појава после третата доза се’ уште не е докажан “, забележува Кавалери.

ЕМА наведува дека е важно да се направи разлика помеѓу зголемена доза кај луѓе со нормален имунолошки систем и дополнителна доза за луѓе со ослабен имунолошки систем.