EMA: Секоја држава самостојно да одлучува за примената на „Астра Зенека“

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача секоја земја самата да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „Астра Зенека“ постои мал ризик од згрутчување на крвта.

-Ние се обидовме да обезбедиме што е можно повеќе информации за придобивките и ризиците што ги идентификувавме, и врз основа на тоа, но и земајќи ја предвид моменталната состојба со пандемијата и можноста за набавка на други вакцини, државите можат да донесат различни одлуки за вакцината „Астра Зенека “, изјави директорката на ЕМА, Емер Кук.

Во изминатите десет дена неколку земји, меѓу кои и Македонија, ја забранија употребата на „Астра Зенека„ за лицата под 60 или 55 години, со очекување дека конечната одлука ќе ја донесе ЕМА. Во Франција веќе се поднесени првите тужби поради смртта на луѓе по примањето на вакцината „Астра Зенека“.