Актерката и манекенка Елизабет Харли објавила разголена фотографија на Инстаграм.
Таа позирала топлес, а градите ги прекрила со бела наметка. Со ваквата објава, 56-годишната Харли ја „заскокоткала“ фантазијата на бројните обожаватели.
„Прекрасна“, „Изгледаш како божица“, „Ти си мојот сон“, се дел од коментарите под објавената фотографија.
View this post on Instagram
Елизабет често позира во вакви изданија, а најчести се нејзините фотографии во бикини. Неодамна за „Extra“ објаснила дека позира во костими за капење за да ја рекламира својата модна линија, а не да се промовира себеси.
„Инаку не би парадирала толку во костими за капење, така што постои причина поради кое го правам тоа“, додала Харли.
На љубопитните фанови неодамна им ја открила и тајната на својата витка линија. Таа признала дека со години не посетува теретана, а завидната фигура ја припишува на активниот начин на живот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram