Елизабет Харли е кралица на забавата во провокативeн костим

Елизабет Харли (57) во 2023 година влегла како што само таа умее – со стил, но и со многу забава, за што сведочат и фотографиите кои ги сподели на Инстаграм.

Актерката избрала интересен едноделен костим со монистри и циркони, додека на главата носела интересна круна налик сонце.

Google search engine

На фотографиите можеме да видиме дека таа била кралица на вечерта, а на своите следбеници им посака да им се остварат соништата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)

Елизабет зад себе остави успешна година и се реализираше како претприемач, лансирајќи свој бренд на костими за капење, а често споделуваше и фотографии на кои позира во истите.

Со текот на времето откри неколку трикови на кои им ја должи младоликоста и витката линија, иако тврди дека сè што прави е сосема нормално и вообичаено.

Секое утро го започнува со две шолји топла вода, по што за појадок јаде грчки јогурт со банана и мед. После тоа оди на вежбање, па јаде супа или чорба. Дури навечер јаде нешто поголем оброк – пилешко на скара и многу, многу зеленчук.