Поранешниот воен инспекторат на Министерството за одбрана на Молдавија објави дека вооружените сили на Придњестровје поставиле експлозиви во сите складишта за оружје во отцепениот регион, вклучително и складиштето за муниција во Кобасна, така што доколку започне каква било воена операција, тоа би предизвикало катастрофална штета на делови на Молдавија, Придњестровје и Украина.
Инаку, складиштето за муниција Кобасна е најголемо во Источна Европа и содржи до 20.000 тони оружје и муниција од советската ера. Се верува дека го обезбедуваат околу 1.500 руски војници. Уште од почетокот на рускиот конфликт со Украина, во Молдавија расте загриженоста за складиштето за муниција во Кобасна, а некои веруваат дека оружјето таму би можело да се користи во потенцијален иден воен конфликт.
Дополнително, Академијата на науките на Молдавија утврди дека експлозијата на оружјето, кое се наоѓа во складиштето за муниција, на кое одамна му истече рокот, ќе биде еквивалентно на атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки. Загриженоста за таков настан се зголеми по експлозијата во Бејрут во 2020 година.
Министерството за одбрана во Кишињев во петокот објави дека „нема директни закани за воената безбедност на земјата“, откако Москва повторно ја обвини Украина дека подготвува „инвазија“ во Придњестровје и предупреди дека секоја закана за руските војници таму ќе предизвика соодветeн „ воен одговор од страна на Русија, пишува Њуз.ро.
The Former Military Inspectorate of the Ministry of Defense of Moldova has said that the Armed Forces of Transnistria have rigged all Arms Depots within the Breakaway Region including the Cobasna Ammunition Depot with explosives so if any Military Operations begins it will cause… https://t.co/QPfUdyr1b7 pic.twitter.com/hC1i9OO88s
— OSINTdefender (@sentdefender) February 27, 2023
Министерството за одбрана на Молдавија дала низа објаснувања за „информациите кои кружат онлајн, за можни предизвици на Украина во левиот Днестарски регион“ и уверува дека ги следи „сите настани, акции и промени кои се случуваат во регионот и на територијата контролирана од режимот на Придњестровје“.
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Виз ер“ денеска соопшти дека од 14 март ќе ги прекине летовите кон главниот град на Молдавија, Кишињев, поради загриженост за безбедноста на воздушниот простор.
Безбедноста на патниците и членовите на екипажот останува приоритет на „Виз ер“ и поради неодамнешните настани во Молдавија и зголемениот ризик во воздушниот простор на таа земја, донесена е одлука да се прекинат сите летови за Кишињев од 14 март, се наведува во соопштението на компанијата.
Властите за цивилна авијација на Молдавија соопштија дека одлуката е ненадејна и за жалење.
Тензиите меѓу Русија и Молдавија се зголемија неодамна откако руските ракети насочени кон Украина навлегоа во воздушниот простор на Молдавија.