Експлозивен транскрипт од последниот разговор меѓу Бајден и Гани: Вистината не е важна, перцепцијата е најважна

Последниот разговор меѓу американскиот претседател и неговиот авганистански колега пред талибанците да ја преземат контролата над земјата, покажал дека ни Џо Бајден ни Ашраф Гани не биле свесни за непосредната опасност која му се заканува на Авганистан, иако Бајден му порачал на Гани да постави “војници на чело на вооружените сили”.

Разговорот бил одржан на 23-ти јули и траел 14 минути, а неговата содржина денеска ексклузивно ја објавил “Reuters”, чии експерти ја потврдиле автентичноста на снимката која ја добиле од анонимен извор.

Google search engine

Во повикот Бајден и Гани, меѓу другото, дискутирале за воената помош на САД за Авганистан, политичката стратегија и менувањето на перцепцијата на јавноста, а од транскриптот може да заклучи дека не биле целосно свесни за размерите на опасноста од талибанците, ниту биле подготвени на можноста целата земја да падне во нивните раце за само неколку недели.

Само 23 дена по повикот Гани побегнал од земјата, талибанците го преземале Авганистан, а САД започнале масовна евакуација на своите државјани и сојузници во која во наредните две недели од земјата со авиони се пренесени повеќе од 123.000 луѓе.

Бајден на Гани му понудил помош, под услов сега веќе поранешниот лидер на Авганистан да успее да ја увери јавноста дека има план како да преземе контрола над тензичната ситуација во земјата.

“Ќе продолжиме да им даваме воздушна поддршка на вашите сили, ако знаеме каков е планот”, му порачал Бајден на Гани. Неколку дена пред разговорот, САД им пружиле воздушна поддршка на авганистанските сили, што талибанците го доживеале како кршење на мировниот договор од Доха.

Како што пренесува “Reuters”, американскиот претседател го советувал Гани да издејствува поддршка од моќните луѓе во Авганистан за својата воена стратегија и потоа на чело на војската да постави “војници”, мислејќи на министерот за одбрана, Бисмилах Кан Мохамади, кој од 2002-ра до 2010-та бил началник на генералштабот на Националната војска на Авганистан, за потоа да се приклучи кон движењето за отпор на талибанците и да повика на апсење на Гани бидејќи ја предал татковината.

Во текот на разговорот, Бајден исто така ја пофалил авганистанската војска, која ја тренирале и финансирале Американците и која помалку од еден месец по разговорот буквално без борба им ги предала повеќето градови на талибанците.

“Очигледно е дека ја имате најдобрата војска”, му рекол тој на Гани. “Имате 300.000 добро вооружени војници, кои знаат да се борат”, рекол Бајден.

Перцепција

Бајден во текот на поголем дел од разговорот се враќал на проблемот со “перцепцијата”.

“Не морам да ви кажам дека ширум светот ни и во делови од Авганистан преовладува впечаток дека работите не се одвиваат добро во борбата со талибанците. Потребно е да се создаде поинаква слика за состојбата на работите, без разлика дали е вистина или не”, рекол Бајден и додал дека би било добро кога истакнатите политички фигури во Авганистан би одржале заедничка прес-конференција и би ја поддржале новата воена стратегија. “Тоа би ја променило перцепцијата и многу би значело”, рекол тој.

“Reuters” наведува дека од содржината на разговорот може да се заклучи дека Бајден не очекувал тотален колапс на авганистанската војска и пад на државата во рацете на талибанците само 23 подоцна. “Ќе продолжиме жестоко да се бориме, дипломатски, политички и економски, за вашата да влада да опстане и да биде посилна и подобра”, му рекол Бајден на Гани.

Белата куќа одбила да го коментира овој разговор, но по разговорот објавила соопштение во кое е истакната поддршката на Бајден за авганистанските безбедносни сили, како и ветување дека од Конгресот ќе бара дополнителна финансиска помош.

Што рекол Гани?

Кога станува збор за Гани, тој во разговорот на Бајден му рекол дека верува оти ќе може да биде постигнат мир, доколку биде „избалансирана“ воената ситуација, но и порачал дека „мора брзо да се реагира“.

„Соочени сме со тотална инвазија од страна на талибанците, со полна логистичка поддршка од Пакистан и најмалку 10 до 15 илјади меѓународни терористи“, рекол Гани кој и бегството во Обединетите Арапски Емирати тврди дека политички структури од соседен Пакистан биле клучни за реорганизирањето на талибанците.

Пакистанската амбасада во Вашингтон, секако, ги негираше овие обвинувања: „Митот за талибанците кои доаѓаат од Пакистан е само изговор кој господинот Гани го користи за да ја оправда сопствената неспособност како лидер”.

Инаку, во време кога е воден овој телефонски разговор меѓу Бајден и Гани, талибанcите веќе контролирале околу половина од провинциските центри, што беше силен показател за влошување на безбедносната ситуација во земјата. Владата во Кабул тогаш на авганистанската и меѓународната јавност им вети промена на воената стратегија, со акцент врз одбраната на големите градови во кои живее најмногу население, наместо борби за руралните територии. Бајден го поддржуваше овој најавен пресврт во стратегијата, тврдејќи дека тоа ќе ја промени перцепцијата за состојбите во Авганистан.

“Јас не сум војник и затоа не ви зборувам како точно би требало да биде вашиот план, но со тоа нема да добиете само повеќе помош, туку ќе го промените и впечатокот“, рекол Бајден. Гани, пак, му порачал дека американската поддршка за авганистанската војска ќе “овозможи вистинска мобилизација”.

Но дека промената на стратегијата всушност била само илузија, покажува подоцнежниот развој на настаните следните седмици кога талибанcите напредуваа во заземањето на градовите и провинциите, најчесто со минимален отпор на деморилизираните авганистански војници, а понекогаш и без судир по договор со локалните провинции. Тогаш и Пентагон го промени тонот, а неговиот портпарол Џон Кирби очигледно фрустриран, порачал дека Авганистанските сили за национална одбрана и безбедност мора да ја бранат својата земја.

„Тоа е нивна војска, тоа се нивни поровинциски центри, тоа се нивни луѓе кои мора да ги бранат“, рекол Кирби на 9-ти август, нецела седмица пред падот на Кабул.

Два дена подоцна по изјавата на Кирби, американските разузнавачки агенции порачаа дека талибаните за 30 дена би можеле да го изолираат Кабул и да го освојат за три месеца. Но само четири дена подоцна без борба падна авганистанската престолнина.

Карзаи

Покрај попустите идеи за промената на стратегијата и перцепцијата, разговорот на Бајден со Гани укажува на уште еден од клучните проблеми за властите во Кабул, а тоа се внатрешните политички борби и сеопштата разединетост.

„Не можеме да ја доведеме секоја личност, особено не него кој во сѐ оди против нашите власти. Последен пат кога се сретнав со него разговараме 110 минута кога ме пцуеше и обвинуваше дека сум американски слуга“, рекол Гани на што Бајден му возвратил дека ќе се воздржи од коментар.

Истиот ден Гани разговарал и со советникот на Бајден за национална безбедност Џејк Саливан, со генералот Марк Мили и командантот на Централната команда на САД, генералот Франк Меккензи.

Агенцијата Reuters истакнува дека го поседува транскриптот и од овој разговор. Наведува дека и во него фокусот бил повеќе на глобалната перцепција на состојбата во Авганистан, а помалку на развој на некаква воена стратегија.

„Впечатокот во САД, Европа и во сите медиуми, е дека талибанците се во залет и дека одат кон победата во Авганистан. Мораме да направиме пресврт во тој наратив“, рекол Мили во разговорот, додека Меккензи додал дека „времето не е наш пријател“ и дека „мораме да реагираме брзо“.