Експлозии во Киев, горцентарот на градот, има мртви (ВИДЕО)

Експлозии ја потресоа украинската престолнина еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за терористички напад на мостот што ги поврзува Русија и Крим, што поттикна повици за одмазда од највисоките функционери во Москва.

Градоначалникот на Киев потврди дека рано утрово биле пријавени „неколку експлозии“ во главниот град.

Google search engine

Виталиј Кличко на Телеграм напиша: „Неколку експлозии во областа Шевченков – во центарот на главниот град. Сите служби се на терен. Детали подоцна“.

Еден сведок за новинската агенција Ројтерс изјавил дека по експлозијата од зграда во центарот на градот се извивал црн чад.

Во украинската престолнина утринава се евидентирани голем број жртви како последица на „неколку експлозии“, соопшти службата за итни случаи на регионот.

Руска ракета наводно паднала на улица во Киев во близина на споменикот на Хрушчов. Ова утрово на својот Телеграм-канал го напиша Антон Герашченко, висок украински советник на министерот за внатрешни работи.

Украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко додаде дека една ракета паднала „точно во центарот на градот“.

„Автомобили горат, а стаклата на куќите се искршени. Има мртви“, напиша тој утрово на Твитер.

Путин: Зад терористичкиот напад на мостот на Крим стои Украина

Украинската разузнавачка служба стои зад смртоносниот напад на мостот на Крим, изјави рускиот претседател Владимир Путин по извештајот на шефот на Националниот истражен комитет Александар Бастрикин, пренесува Раша тудеј.

Според Бастрикин, нападот бил организиран од украинските безбедносни служби, на кои им „помогнале“ некои руски и странски државјани. Шефот на Истражниот комитет изјави и дека Федералната служба за безбедност (ФСБ) ги идентификувала осомничените вмешани во нападот.

Нападот на мостот имаше за цел да ја погоди руската „критична инфраструктура“, рече Бастрикин, додавајќи дека тоа е „терористички чин“.

Путин во неделата рече дека експлозијата на мостот над Керченскиот теснец, главна рута за снабдување на московските сили во јужна Украина, е „терористички чин чија цел е да се уништи критично важната цивилна инфраструктура“.
„Ова е дизајнирано, спроведено и нарачано од украинските специјални служби“, рече тој во видеото на каналот Телеграм на Кремљ.
Украина не ја презеде одговорноста за експлозијата, но високи руски претставници побараа брза реакција од Кремљ пред денешниот состанок на Советот за безбедност на Путин.