Експлодирал „мерцедесот“ во кој се возел претседателот на стопанска комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков

Стопанската комора за енергетика на Македонија, синоќа на својот Фејсбук профил информираше дека возилото во кое се возел претседателот на Стопанската комора Ѓорѓи Манасков, експлодирало на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје север.

Во моментот на експлозијата Манасков во автомобилот бил со сопатник.

Google search engine

Прочитајте ја целата објава:

„ЕКСПЛОЗИЈА во возилото во кое се возеше Претседателот на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија г-дин Ѓорѓи Манасков со сопатник, кој возеше на автопатот кај обиколницата Визбегово према Скопје север.

Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа и веднаш реагираше, но НЕ успеаа да го изгаснат возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгоре до темел за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи.

21.12.2021“

 

 

- АУДИО РЕКЛАМА -