Експлицитните секс-сцени во новата серија на „Нетфликс“ ги изненадија гледачите: „Не го гледајте ова со родителите!“

Гледачите на новата серија „The Woman in the House Across the Street from the Girl in the Window“ останале изненадени од експлицитните секс-сцени во кои актерите Кристен Бел и Бенџамин Леви Агилар се појавуваат во голи изданија.

Многумина од оние кои ја гледале серијата останале шокирани од сцените во кои Кристен и Бенџамин разменуваат страсти на скалите, покрај прозорецот и на кујнскиот шанк, но имало и такви кои биле воодушевени од виденото.

Реклама

„Ја гледав серијата со своите деца! Не го очекував тоа, а брзото премотување не ми успеа. Сепак е забавна серија“, „Девојко, оваа сцена беше оган! Навистина ми се допаѓа серијата, ти благодарам Кристен, ти и актерите завршивте одлична работа“, „Не го гледајте ова со родителите!“, се некои од коментарите на гледачите.

„The Woman in the House Across the Street from the Girl in the Window“ е американска трилер-комедија креирана од Рејчел Рамрас, Хју Дејвидсон и Лери Дорф.

Осмислена е како пародија на мистериозните психолошки трилери, а освен Кристен и Бенџамин, во неа се појавуваат и Мајкл Или, Том Рајли, Мери Холанд, Камерон Бритон и Самсара Јет.

Нејзиното прикажување започна на 28-ми јануари, а истата доби поделени критики од критичарите. Но, изведбата на Бел доби само пофалби.

 

Реклама