Експерт за сајбер безбедност објаснува која е идеалната должина на лозинките?

Лозинките се составен дел од нашиот дигитален живот. Токму за тоа во една емисија зборувал хрватскиот експерт за сајбер безбедност, Тино Шокиќ.

Во воведниот дел зборувал за неодамнешниот голем инцидент во кој „протекоа“ повеќе стотина милиони лозинки и мејл адреси, но нагласил дека тоа не е ништо ново туку дека веста е важна само поради количината на податоци.

Google search engine

„Настанот беше голем, станува збор за бројни бази на податоци, но тоа е нешто што веќе постои со години. Ова „протече“ од сервис кој наплаќа пристап каде можете да ги проверите и видите лозинките, дали сте жртва на „протечени“ информации и слично“, рекол Шокиќ.

Тој, секако, зборувал и за важноста на добрите лозинки.

„Постојат неколку насоки за добра лозинка. Може да се креира голема лозинка, не станува збор за содржината на лозинката, колку што станува збор за нејзината должина односно бројот на знаци. Јас заговарам тоа да биде минимум 25 знаци“, објаснил експертот.

Луѓето најпрвин помислуваат дека е невозможно да се запомнат толку многу знаци, но тој ги објаснил меѓународните насоки за лозинките. За лесно да се запомни, лозинката треба да се состои само од мали зборови, а големите компании како „Мајкрософт“ користат фрази.

„Најдобро е тоа да биде склоп од 3-4 зборови кои се неповрзани за некој што би гледал од страна, но за вас имаат некое значење. Тоа е најважно“, смета Шокиќ.