Курир.рс ексклузивно дошол до видео од бруталната ликвидација на Ранко Радошевиќ, познат како Ескобар (54).
На видеото се гледа како убиецот потврдува наводен член на криминалното милје Никшиќ и соработник на „Шкалјарите“ и нивниот водач Јован Вукотиќ.
Убиството се случило утрото околу 11 часот на бензинската пумпа „Кнез петрол“ во Рушње, по што полицијата го стегнала обрачот околу цел Белград.
На видеото од внатрешноста на локалот се гледа како убијците му приоѓаат на Радошевиќ и пукаат во него, додека тој неуспешно се обидува да се сокрие. А потоа следи најгрозоморниот момент – еден од џелатите му приоѓа и го застрелува со уште неколку куршуми во главата.
Полицијата трага по двајца напаѓачи кои со автомобил „голф“ 4 се упатиле кон Петлово брдо, каде го запалиле возилото и пеш побегнале. Безбедносните камери снимија две лица со качулки и маскирани осомничени дека ја извршиле ликвидацијата.
Инаку, Радошевиќ бил редовен гостин во кафулето на пумпата и секој ден доаѓал на кафе приближно во исто време.
-Овде сум редовен гостин, влегов и седнав на масата, и видов пријател кој беше свртен кон вратата од кафулето и се фрли на подот. Потоа легнав зад фотелјата, не знаев кого напаѓаат, да се заштитам од куршумите. После тоа видов само силуети како си заминуваат – рекол еден од очевидците и потврдил дека во кафулето имало многу луѓе и дека една девојка се онесвестила по убиството, а еден од очевидците повраќал.