Полицаецот Милутин Радовановиќ денеска доброволно се пријавил во Обвинителството за организиран криминал во Белград, кое против него покрена истрага поради сомнение дека бил дел од криминалната група на Дарко Шариќ.
Да потсетиме, Радовановиќ го избегна апсењето во април, кога на Шариќ и на другите осомничени им беа врзани лисици, а денеска сам дојде во обвинителството. Оваа вест ја потврди адвокатот Владан Живковиќ, бранителот Милутина Радовановиќ.
-Полицискиот полковник Милутин Радовановиќ денеска во 11 часот доброволно се пријавил во Обвинителството за организиран криминал за да може активно да учествува во кривичната постапка што се води пред ова обвинителство против него и да придонесе за утврдување на целосната вистина во овој случај со оглед на тоа што вистината е на страната на Милутин Радовановиќ и дека прашањето за неговата невиност во ниту еден момент не се доведува во прашање за одбраната – рече адвокатот Живковиќ и додаде:
– Милутин Радовановиќ ќе се изјасни за сите околности на наредбата за спроведување на истрагата, но уште поважно, на обвинителството ќе му бидат доставени докази кои целосно ќе ја потврдат невиноста на Милутин Радовановиќ.