(Ексклузивни фотографии) Принцот Хари и Меган Маркл подготвуваат нов удар за кралското семејство? Она што го направиле предизвика лавина коментари!

Принцот Хари и Меган Маркл со новиот потег поттикнаа шпекулации за уште едно интервју со легендарната Опра Винфри.

Меган и Хари за време на викендот ја посетиле водителката во нејзината вила во Монтесито, а кога стигнале таму биле фатени од папараците.

Реклама

На ексклузивните фотографии кои ги објави Дејли Мејл, Хари вози автомобил, Меган седи на задното седиште, а со нив било и едно од нивните деца, како и жената за која се верува дека е актерката Џанина Гаванкар.

Исто така, се наведува дека парот останал повеќе од еден час на имотот на Опра, кој е на само неколку минути возење од нивниот американски дом.

Гласините за можно второ интервју на парот се појавија само неколку недели по нивната прва заедничка посета на Велика Британија по напуштањето на кралските должности, а повод беше платинастиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.

По тој повод, бабата на Хари за првпат ја запознала својата правнука Лилибет, а по долго време го видела и својот правнук Арчи.

За потсетување, Хари и Меган пред 18 месеци ѝ дадоа ексклузивно интервју на Опра Винфри, во кое зборуваа за причините за напуштањето на кралските должности и преселувањето во САД, а изнесоа и некои тешки обвиненија против членовите на кралското семејство.

Интервјуто во живо го следеа повеќе од 49 милиони луѓе, а предизвика бурни реакции во јавноста.

Реклама