Брендот Викторија Сикрет којшто за последен пат ја имаше својата ревија на долна облека во 2018-та, стартуваше нова кампања во која што се вклучени некои од најголемите имиња од модната индустрија.
Под слоганот „There’s an icon in all of us“, кампањата ги вклучи иконите на моделингот Жизел Бундшен, Наоми Кембел и Адриана Лима.
View this post on Instagram
На нив исто така им се придружија и помладите колешки како Хејли Бибер, Емили Ратајковски, Кендис Свонпул и други.
Во промо видеата којшто се објавени на Инстаграм девојките заводливо позираат во новата долна облека на брендот, а во центарот на вниманието е градникот „Icon“. Според главната дизајнерка на Викторија Сикрет, Џени Шафер, колекцијата го слави обликот на женското тело.
Новата кампања на брендот се случува додека траат подготовките за првото ТВ шоу на Викторија Сикрет кое што има за цел да ја врати компанијата повторно на сигурни нозе.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram