Едно од последните патувања на Лејди Ди пред смртта: Многумина се збуниле кога ги виделе овие фотографии

Елизабет Дебицки неверојатно личи на принцезата Дајана на фотографиите кои успеале да ги направат папарацо-фотографите при снимањето на новата сезона на серијата „Круна“.

Новата сезона на популарната серија „Круна“ која говори за кралското семејство моментално се снима, а улогата на принцезата Дајана во ова продолжение ќе ја толкува австралиската актерка Елизабет Дебицки.

Google search engine

Елизабет со своите црти на лицето неверојатно потсетува на покојната принцеза, а лицата задолжени за костимите и шминката на сетот направила одлична работа и вистински клон на принцезата.

Актерите моментално се наоѓаат во Палма Де Мајорка во Шпанија, а судејќи по модната комбинација на Елизабет, моментално се снимаат сцените од 1997 година кога принцезата Дајана со Црвениот крст ја посетила Луанда во Ангола за да ја подигне свеста за тоа подрачје.

Дајана тогаш носела фармерки и црно закопчано сако кои костимографите верно ги прикажале во филмот.

Фотографии од сетот споделил британски „Daily Мail“.