Една од омилените холивудски актерки, Скарлет Јохансон, открила дека се чувствувала „хиперсексуално“ и „категоризирано“ на почетокот од својата кариера.
Имено, таа гостувала во поткастот на Дакс Шепард „Armchair Expert“ каде изјавила дека луѓето во филмската индустрија ја сметале за постара, што довело до тоа да не добива улоги кои ги сакала.

„Некако станав објектизирана и затворена на овој начин, се чувствував како да не ги добивам понудите за работа кои сум сакала да ги работам. Се сеќавам дека сум помислила како луѓето веројатно мислат дека имам 40 години. Поради тоа што сите мислеле дека сум постара и дека се занимавам со актерство подолго отколку што навистина се занимавав, некако се вовлеков во чудно хиперсексуализирано подрачје.
Сега ги гледам младите актери во 20-тите години од животот и ми се чини како да им е дозволено да пробуваат различни работи. Дојде ново време. За среќа, повеќе не ни е дозволено да се занимаваме ниту со другите актери, зар не? Луѓето се многу подинамични“, изјавила Скарлет.

Да ве потсетиме, Скарлет ја започнала својата кариера уште како девојче, но станала позната кога имала 17 години со улогата на Шарлот во филмот на Софија Купола „Изгубени“, а за кој добила и „BAFTA“ награда за најдобра актерка.

Тогаш таа била пет години помлада од својот лик во филмот, а глумела заедно со тогаш 52-годишниот Бил Мареј.