Џесика Алба (41) неодамна покажала зошто важи за една од најубавите природни актерки на светот.
Актерката моментално ужива со сопругот, филмскиот продуцент Кеш Ворен (44) и нивните три деца на Хаваи.
Додека се дружела со ќерките Онор (14) и Хејвен (11), но и со синот Хејсон (5), секој нејзин мускул доаѓал до израз и блескала во зеленото бикини од брендот „Hunza G“ чија цена изнесува околу 155 долари.

Мајката на три деца не ги извадила очилата за сонце, а многумина ги забележале бројните алки на нејзината лева рака.
Меѓутоа, дамите забележале и дека холивудската актерка има целулит иако се труди да се грижи за здравиот начин на живот. Тоа покажува дека Алба не е преоптоварена со својот изглед, но сака да се труди да направи сè што може без интервенција.

Често можат да се прочитаат коментари и дека Џесика која се посветила на својата компанија „The Honest Company“ за производи кои целосно се на природна база, не старее и дека годините за неа се само број. Но, актерката вели дека ништо не е резултат на магија туку на напорните тренинзи и исхраната.

„Вежбањето е тоа што ме придвижува. Благодарение на вежбањето мојот мозок е попродуктивен. Како што стареам и откако станав мајка, приоритет ми е да бидам поздрава“, вели Алба.