Иако наизглед делува интригантно и како пејзаж од друга планета, целото подрачје е опасно.
Животот постои и во некои од најекстремните опкружувања на Земјата, од суви пустини и смрзнато тло, до токсични отвори во океанското дно. Но, научниците пронашле едно место каде животот никако не може да опстане, покажува новото истражување.

Во езерата Далол во Етиопија нема живот, дури ниту на ниво на микроорганизми. Долол е едно од најекстремните опкружувања на Земјата, неверојатно топло, солено и кисело.
Целиот тој предел е исполнет со мали езерца и извори со исклучително кисела и солена вода која заедно со околното тло произведува прекрасна палета на бои – зелена, жолта, портокалова, кафеава.

Иако наизглед делуваат интригантно и како пејзаж од друга планета, цело тоа подрачје и воздухот е токсичен поради вулканот кој лежи под егзотипичниот релјеф.
Езерцето над вулканскиот кратер и тлото се исполнети со отровни гасови и вода како одговор на екстремно хидротермалното делување.
Дури и во текот на зимата дневната температура на тоа место може да достигне над 45 степени Целзиусови. Некои од хиперкиселите и солени природни базени имаат негативна pH-вредност.

Поради екстремните услови, подрачјето отсекогаш ги фасцинирало научниците, а една од експедициите во 2016 година имала цел да види дали таму може да се развива живот.
Во таа прилика било утврдено дека во водите постојат микроорганизми со големина на еден нанометар, но новото истражување основано на поголем број тестови, тоа го негирало.

„Ги отфрламе тврдењата за животот на полиекстремните Дадол извори. Се уверивме дека нема живот во тие солени, топли и хиперкисели базени. Без оглед на тоа што на тоа место дисперзијата на микробите е интензивна, поради посетата на луѓето и ветрот, таму нема живот“, наведено е во истражувањето објавено во „Nature Ecology and Evolution“.



