Откако Јосип Броз Тито дошол на чело на Југославија, бил познат како голем заводник и некој кој ужива во друштво на убави жени.
И тие го сакале него, а Тито неретко се дружел со големи светски ѕвезди и некои од најпознатите жени на планетата.

Една од нив била и италијанската филмска дива, Софија Лорен, можеби најпопуларната жена во тоа време, за која било познато дека доаѓа на Бриони како би поминала време со Тито.

На изложбата „Голема илузија“, која се одржала во Музејот на историја на Југославија, била видена, меѓу останатото, фотографија на која маршалот Броз стои во кујната покрај Софија додека таа подготвувала шпагети на неаполски стил. И двајцата имаат врзано престилки, а Тито очигледно бил воодушевен од убавината на огнената Италијанка.
Броз се дружел и со познатата оскаровка Елизабет Тејлор и со Вивијан Ли, Симон Сињор, Џина Лолобриџида и многу други, но пред неговата смрт, на ум имал само една личност.

Јосип Броз Тито бил голем филмофил, а неговиот поранешен кинематограф Александар Лека Константиновиќ секога вечер избирал филмови за маршалот и неговата сопруга, Јованка Броз. Како што изјавил своевремено, Тито гледал околу 280 филмови годишно, а последниот филм што го гледал во животот, непосредно пред да му ја ампутираат ногата – бил филмот на Софија Лорен.
За врската меѓу југословенскиот маршал и италијанската актерка, во минатото често се пишувало. Познато е дека таа го поделила на Бриони, а Ненад Вуковиќ, кој пред неколку години ги купил лозјата на Тито, своевремено за „Курир“ го споделил она што го слушнал за средбите на маршалот со актерката.

„Сум слушнал разни приказни, но факт е дека Тито ја угостил Софија Лорен овде во Гроцка. Бил голем заводник и хедонист. Јованка била љубоморна кога Софија дошла од Италија во Србија како би го видела својот пријател Тито. Постојат записи од нејзините посети и таму пишувало дека сакала пилешко и бајадери, а Тито бил познат како љубител на грозје“, говорел Вуковиќ, а неговите зборови ги потврдил Драган О, кој своевремено му служел на Тито.
Тој истакнал дека му било чест да работи за Јосип Броз и се присетил на денот кога Софија Лорен и Тито уживале во убавините на Гроцка.
„Тогаш бев млад. Беше голема чест да се работи за претседателот. Се сеќавам кога доаѓаше Софија. Таа беше заљубена во него. Беше убава, сите се вртеа кон неа. Тој ја сакаше Јованка, а Софија него. Вистина е дека господинот Вуковиќ рекол дека Јованка била љубоморна на актерката.
Софија на манифестациите на Тито доаѓаше јавно, и тајно, кога, вие сами проценете“, изјавил Драган.

Меѓутоа, Нада Будисављевиќ, сестрата на Јованка Броз, верувала дека Софија Лорен и Тито имаат пријателски односи. „Секој ден му се јавуваше на Карло Понти“, се присетила Нада Будисављевиќ.