Џорџина Родригез позирала во чипкаста, црвена долна облека, а фотографијата ја објавила на социјалната мрежа Инстаграм.
Во луксузниот дом на славниот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина, сè е во знакот на празниците, а Џорџина тој дух дополнително го „зачинила’ позирајќи во сексапилна долна облека, а со фотографијата се пофалила на социјалната мрежа Инстаграм и собрала многубројни лајкови.
„Да се сакате себеси е почеток на љубовна приказна без крај“, напишала таа покрај фотографијата на која што на себе носи чипкаста долна облека, а деколтето ѝ е истакнато и ја покажува својата топ форма на тело.
Таа позирала на белиот кауч покрај накитеното божиќно дрво, а на нозете носела топли дизајнирани папучи.
На фотогрфијата не можел да одолее ниту Роналдо, па во коментар ѝ напишал: „Mama mia…“.
Ова се останатите коментари кои што атрактивната Џорџина ги добила на фотографијата: „Спектакуларна си“, „Те сакам“, „Хммм, ми се допаѓа ова“, „Каква убавица“, „Импресивна си“, „Ти си најубавата жена на светот“, „Жено, ти си скандал“, „Секогаш си жешка“…