Џо Бајден се провози со електричното возило на Хамеро Бајден се провози со електричното возило на Хамер: „Сака некој да да влезе ?“

Американскиот претседател, Џо Бајден ја посети фабриката на General Motors во Детроит и возеше електричен Хамер, а видеото постана вистински хит на интернет за кратко време.

Сака некој да влезе назад или да се качи на коровот? Ова е нешто сосема посебно, кажа Бајден и се пошегува со присутните новинари за време на настанот.

Google search engine

За потсетување, на почетокот на оваа недела, претседателот на САД, Бајден потпиша нацрт-закон за инфраструктура вреден 1 милијарда долари, од кој се издвојуваат 7,5 милијарди долари за изградба на мрежа на станици со електрични полначи за полнење на електрични автомобили низ територијата на САД. Целта е електричните автомобили да станат подостапна опција за повеќе жители, да бидат подобро прифатени и да се намалат емисиите на јаглерод.

За да ја промовира оваа инвестиција, Бајден ја искористи можноста да се провози со прототип на електричен Хамер при посетата на компанијата во Детроит, и тој навистина уживаше.

Ова не е првпат Бајден да вози електричен автомобил бидејќи во мај оваа година го возеше и електричниот пикап на Форд Ф-150 Лајнинг.