Џими Кимел ја прашал Мишел Обама за водењето љубов со Барак, а нејзиниот одговор ги насмеа гледачите

Водителот Џими Кимел во своето шоу ја угостил поранешната прва дама на САД, Мишел Обама.

Мишел во оваа прилика ја промовирала својата нова кулинарска емисија „Waffles + Mochi“, а Кимел не ја пропуштил приликата да ѝ постави и едно индискретно прашање кое веќе еднаш ѝ го поставил, но таа вешто избегнала да му даде одговор.

Реклама

„Дали онаа вечер, кога тимот специјалци го фати Осама Бин Ладен по наредба на вашиот сопруг, го прославивте тој настан со водење љубов?“, ја прашал Кимел, на изненадување на сите.

Но, Мишел и овојпат брзо се снашла.

„Морам да ѝ кажам на публиката дека, од некоја болна причина, си многу опседнат со тој детаљ од тој огромен историски настан. Никогаш никој, во историјата на сите разговори кои сум ги водела, не се „закачил“ толку за тој еден детаљ како ти, Џими Кимел“, му одговорила таа.

„Сè уште си она мало дете во својата соба, под прекривачот со џебна светилка, кое се надева дека никој нема да го види“, додала Обама, а нејзиниот одговор ги насмеа гледачите.

Моментот можете да го погледнете во продолжение (5:40):

 

Реклама