Џиџи Хадид објавила досега невидени фотографии од бременоста

Манекенката Џиџи хадид (25) и нејзиниот партнер, пејачот Зејн Малик (27), во септември го добија своето прво дете, а неодамна гордата мајка објави фотографија од бременоста.

Џиџи родила девојче, а во бременоста буквално уживала. Сега со своите следбеници споделила фотографии од бременоста, кои досега не ги покала.

Google search engine

Џиџи и пејачот сè уште не го открија името на девојчето. Тоа се роди кон крајот на септември, а новопечените родители не сокриваат колку се горди.

„Август е. Го чекаме нашето девојче“, напишала Џиџи во описот на фотогафијата. На една од фотографиите позирала со својот партнер кој со брадата гордо се потпрел на нејзиниот стомак.

Споделила и фотографии на кои го истакнала целиот труднички стомак. Позирала во тесен фустан потпрена на ограда.

Џиџи Хадид на почетокот ја криеше бременоста и дури во април потврди дека ќе им пристигне принова. Таа и Зејн ја започнале својата врска во 2015-та година, а потоа во 2018-та објавија дека раскинале.

Потоа се криеја од јавноста и повторно се вратиле еден на друг, во летото 2018-та година. Во јануари, 2019-та година одлучиле дека официјално ќе стават крај, за една година подоцна повторно да се појават на улиците ‘рака под рака’.