Џенифер Лопез со најскапата чанта на светот во теретана!

Кога Џенифер Лопез ќе влезе во било која просторија, сите веднаш гледаат во неа…

Таа е заводлива, моќна и привлекува внимание со кое едноставно не можете да забележите ништо друго освен неа.

Google search engine

Сепак, успеавме да забележиме еден детаљ на најновите фотографии на славната пејачка на пат кон теретана – чанта „The Hermes Himalaya Birkin“.

Овој модел на чанта привлекува исто толку внимание како самата суперѕвезда, така што никако не нѝ е јасно зошто Џеј Ло ја избрала најскапата, најлуксузната чанта на светот за таа активност. Со цена од 100.000 долари, би помислиле дека оваа чанта има посебен третман, но тоа веројатно не е случај кога имате и повеќе од доволно пари за да купите нова доколку со онаа која ја имате, нешто не е во ред.

Покрај чантата, латино дивата носела бордо хеланки и предимензионален топ, во комбинација со маска која е декорирана со кристали. Очилата се неизоставен аксесоар на секоја суперѕвезда. Сепак, сето она што таа го носела на себе, но и „Porsche GTS“ со кој дошла, биле во втор план, штом торбата „The Hermes Himalaya Birkin“ ја погледнала светлината на денот.