Претседателот на САД, Џо Бајден, во текот на говорот го повикал името на Џеки Валорски, поранешна пратеничка на американскиот Конгрес, која во август починала во сообраќајна несреќа.
Американскиот претседател Бајден во текот на говорот на конференцијата за глад почнал да го довикува името Џеки Валорски, притоа заборавајќи дека спомената претставничка во Конгресот загинала во сообраќајна несреќа.
Бајден им се заблагодарил на организаторите на конференцијата, а потоа го поставил прашањето: „Џеки, дали си тука? Каде е Џеки?“.
Валорски, пишува “Reuters”, била еден од четирите конгресни застапници кои го поднеле предлог законот со кој се финансирала конференцијата.
По нејзината смрт, Белата куќа објавила дека претседателот и првата дама Џил Бајден се шокирани и тажни поради нејзината несреќа.
Запрашана за овој гаф, портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рекла дека тој и оддавал признание на Валорски.