Џејсон Момоа се соблекол среде емисија и го покажал голиот задник (Видео)

Актерот Џејсон Момоа гостувал во емисијата на Џими Кимел, во која во еден момент станал пред водителот и публиката во студиото и ги соблекол своите панталони, покажувајќи го голиот задник.

Додека актерот се соблекувал, публиката воодушевено врескала.

Google search engine

„Никогаш не сум се чувствувал повеќе како Дени ДеВито отколку сега“, се пошегувал водителот кој го објавил видеото на Фејсбук.

Снимката ја погледнале повеќе од 200.000 луѓе, а реакциите и натаму се нижат.

„Каков маж“, „Џејсон е најсекси човек на планетата“, „Како да спијам после ова?“, „Те обожувам, ти благодарам за ова“, пишувале обожавателките во коментари на социјалната мрежа.

Момоа неодамна сподели фотографии и видеа на кои се гледа како ужива во природа, се дружи со пријателите и лови риба, а на едно од видеата се гледа и неговиот гол задник. Не може со сигурност да се каже дали носел танга или бил потполно гол, но дефинитивно имало што да се види.