Џеј Ло во сексапилни изданија за магазинот „Rolling Stone“

Една од најпопуларните пејачки и актерки на денешницата, Џенифер Лопез, позирала за насловната страница на магазинот „Rolling Stone“.

Таа за споменатиот магазин зборувала за подемите и падовите кои ги имала во текот на својата кариера, но и како отсекогаш го поседувала тој натпреварувачки дух кој ја терал да оди понатаму.

Google search engine

„Сакав да остварам некои работи и секогаш го имав тој натпреварувачки дух кој ме тераше да остварувам“, вели Лопез.

Нејзините родители не биле богати ниту влијателни и живееле во сиромашен крај во Бронкс, каде секоја пара вреди.

„Мојата прва работа беше во салон за убавина кој го чистев. Таму ме плаќаа 10 долари за секоја добро завршена работа“.

И како што нејзината желба да се извлече од сиромаштијата растела, така и одлуката да го напушти своето родно место само со еден ранец била набрзо донесена. Така, Џеј Ло заминала за Лос Анџелес.

„Живеев од мали свирки на кои танцував – ме плаќаа по 25, 50 долари. Јадев нудли од чаша и улична пица“, се присетила пејачката, додавајќи дека благодарение на снимањето на видеа за Џенет Џексон и американската група „New Kids On The Block“ се пробила до успехот.

Исто така, таа била првата Латиноамериканка која заработила голема сума на пари од филмски улоги.

Кога станува збор за нејзината љубовна врска со Бен Афлек, Лопез за „Rolling Stone“ изјавила дека конечно добила втора шанса за вистинска љубов и не сака многу да ја коментира истата.

„Пораснавме. Можеме да знаеме што е реално, а што не е. Јас добив втора шанса за вистинска љубов. Играта се промени, но не сакам многу да зборувам за тоа“, раскажала популарната пејачка.