Џеј Ло позираше во бикини, па го збуни сите: „Во што ли се крие тајната на нејзината убавина?“

По долго време Бен Афлек проговори за деталите од односот со пејачката Џенифер Лопез, а призна и дека не може да престане да се прашува во што е тајната на нејзината убавина поради тоа што таа изгледа исто како во 2003 година.

 

Многу од обожавателите не можат да престанат да ѝ се восхитуваат на Лопез која што и на 52 години изгледа речиси двојно помладo, па се прашуваат како е можно тоа и во што се крие тајната на нејзината убавина.

И, не се единствени затоа што токму тоа е прашањето кое што си го поставува и поранешниот вереник на Лопез – актерот Бен Афлек кој што го признал тоа во едно од своите последни интервјуа.

48-годишниот Бен се прашува каде неговата поранешна партнерка го крие својот извор на младоста и зошто изгледа идентично како и во 2003 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Инаку, поранешниот пар се запознал на снимањето на филмот „Gigli“ во 2001 година, а верени биле од 2002 до 2004 година. Но, без оглед на тоа што нивната љубов немала среќен крај, оскаровецот не може да каже ниту еден лош збор за својата поранешна партнерка.

„Мислам дека има добра работна етика, се восхитував и бев воодушевен од нејзината посветеност на работата и сериозноста, со кои што ги постигнуваше своите цели. Откако ќе ги постигнеше, ќе се вратеше на работа и дупло ќе вложуваше. Таа е најголемиот работник кој сум го запознал во животот. Многу е талентирана, но покрај тоа таа работеше многу и на себе и на својот личен успех така што среќен сум поради неа и нејзиниот изглед зошто целиот труд конечно ѝ се исплатеше“, заклучил Бен.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

А, Џенифер својата неодоливост ја покажа уште еднаш позирајќи за насловната страна на „InStyle“ во бикини, а истото ги нагласува сите нејзини атрибути и сета убавина.

По раскинувањето со латино дивата, Бен се венчаше со колешката Џенифер Гарнер со која што има три деца, а со која се разведе во 2018 година.

Лопез се венчаше со Марк Ентони со кој ги доби близнаците, а потоа се разведоа во 2013 година, но останаа добри пријатели.

Денес пејачката е верена со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, а парот призна дека во последно време работи на нивната врска и тоа по веста која се појави во светот дека наводно раскинале.