Џеј Ло откри мрачни детали од детството: „Мајка ми ‘ме убиваше од тепање’ сè додека не побегнав од дома“

Славната пејачка Џенифер Лопез, во својот документарец „Halftime“ раскажала сè за комплицираниот однос со нејзината мајка, Гвадалупе Лопез.

Во неодамна објавениот филм, Џеј Ло наведува дека мајка ѝ ја ‘убивала од тепање’, сè додека не побегнала од дома.

Реклама

„Имам комплициран однос со мајка ми, постојано се расправавме. Таа го правеше тоа што мораше, и затоа е силна, но затоа е и груба. Нè тепаше, нè уби со ќотек“, раскажала Џенифер, кој има уште две сестри.

„Не бев совршена мајка, но можам само да кажам дека правев сè имајќи ги предвид нивните најдобри интереси. Сакав да воспитам три девојки кои нема да зависат од мажите. Не сакав да ги критикувам, туку да им покажам дека можат подобро. Но Џенифер беше најлоша, искрено, најтешко ми беше со неа“, изјавила Гвадалупе.

 

Таа останува на ставот дека на ќерките со ќотек им ‘ставала во глава’ дека никогаш не смеат да зависат од маж.

Пејачката раскажала дека на 18 години побегнала од дома, бидејќи повеќе не можела да толерира таков однос. Младата Џенифер љубовта кон танцот ја одвлекла од училиштето, а мајка ѝ тоа не сакала да го трпи.

„Ми рече aко живееш под мој покрив, ќе мора да завршиш училиште. Една вечер многу се скаравме и морав да си заминам“, раскажала Лопез.

Реклама