Џеј Ло е минато: Поранешниот сопруг на латино дивата на црвениот тепих се прошета со новата девојка

Пејачот Марк Ентони, поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, на црвениот тепих на доделувањето на Билборд наградите, се појавил во друштво на новата девојка и не требало долго за да се открие за која убавица точно се работи.

Имено, се работи за Маду Никола, која очигледно го освоила неговото срце, бидејќи Марк постојано ја прегрнувал и бакнувал пред фотографите.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Harper (@beautybyharper)

Ентони својата девојка досега никаде не ја споменал, и сите биле изненадени кога парот се појавил на црвениот тепих.

Марк во 2017-та година се развел од манекенката Шенон Де Лима, после само две години брак, а пред неа бил во брак со Џенифер Лопез. Ентони и Џеј Ло имаат 13-годишни близнаци, Ема Марибел Мањуз и Максимилијан Дејвид Мањуз.

Латино дивата во последните месеци предизвикува многу внимание во медиумите и јавноста поради обновената врска со актерот Бен Афлек.