Два месеци пиеле по една чаша сок од домати – резултатите ги изненадиле научниците

„Кога ќе кажете домат, ние мислиме на суперхрана“, велат научниците од престижните медицински установи.

За да проверат зошто, експертите од Универзитетот во Тајван одлучиле да спроведат еден експеримент.

Google search engine

Тие собрале жени со различна возраст, тежина и потекло и им дале да пијат по една чаша (околу 250 мл) сок од домати секој ден, во период од два месеци.

Најбрзата и највидливата промена била значитеното губење на килограми, а експертите нагласуваат дека не се работи за исфрлени течности, туку само за масни наслаги!

„Тестираните жени не ги менуваа своите навики во исхраната или вежбањето, а веќе после неколку дена резултатите беа видливи“, откриваат научниците кои го спровеле експериментот.

Исто така, на овие жени на почетокот и на крајот од истражувањето им била анализирана крвта.

„Забележано е значително ниско ниво на холестерол, а зголемен ликопен – антиоксидант од доматот, кој со себе носи многи бенефити за здравјето“, велат научниците.

Експериментот покажал и дека една чаша сок од домати дневно го зајакнува имунитетот, штити од срцеви болести, но и го намалува ризикот од развој на рак! Освен тоа, овој освежителен напиток помага и кај проблеми со варењето, го стимулира исфрлањето на течностите, го чува здравјето и спречува болести на мочниот меур, панкреасот, црниот дроб и белите дробови.

homemade-tomato-juice-horiz-a-1200

Сокот од домати е одличен за кожата и блескав тен, а значително ја намалува и кашлицата, спречува анемија, ги ублажува ревматските симптоми и ја поправа крвната слика.

Ако сте претерале со вежбањето, испијте сок од домати и тешкотиите ќе исчезнат, а тој е одличен природен лек и за грчеви во мускулите, бидејќи содржи доста магнезиум.

Исто така содржи и калиум, калциум, растителни протеини, како и јаглени хидрати и витамин Ц.

Ако планирате да користите купечки сок од домати, гледајте да биде од органско потекло, инаку ефектите нема да бидат целосни. Најдобро би било да направите домашен сок, и тоа од 6 килограми домати, 4 лажици шеќер и две лажици сол.

Подготовка: Добро измијте ги доматите во ладна вода. Исечкајте ги и сомелете ги, па додадете ги солта и шеќерта и ставете да се вари.

Мешајте почесто за да не загори, а кога ќе зоврие, гответе уште 10 минути со непрекинато мешање. Врелиот, сварен домат ставете го во стерилизирани стаклени шишиња и добро затворете ги. Кога ќе се олади, ставете ги шишињата на ладно место.

- АУДИО РЕКЛАМА -