Дуа Липа во минијатурен, металик комплет ја „почестила“ публиката со голотија

Поп-пејачката Дуа Липа настапувала на последната вечер од фестивалот „Lovestream“ во Братислава, каде освен прекрасниот настап ги покажала и своите совршени облини кои одвај успеала да ги скрие со минијатурната облека.

Имено, Дуа Липа се појавила во металик комплет којшто се состоел од топ кој одвај успеал да ги покрие нејзините гради, како и мини-здолниште на преклоп кое го открило нејзиниот задник каде носела танга. Пејачката изгледала предизвикувачки – без сомнеж.

Google search engine

А, цел овој спектакуларен настап ја воодушевил публиката и истата го проследила со ракоплескање. Но, сепак Дуа ја „запалила“ сцената со својот сексапилен изглед.

Да ве потсетиме, пејачката неодамна се најде во љубовен триаголник со актерот Арон Пајпер и кантавторката FKA Twigs. Липа со актерот се дружела во некој мандарински клуб, а на видеата кои се појавија на интернет се гледа дека биле многу блиски, а наводно се појавило и видео на кое се гледа како тие се бакнуваат.

Тоа што сепак најмногу ја изненади јавноста е фактот што ден потоа FKA Twigs на ТикТок објави видео на кое се гледа како страсно се бакнува со Арон, па така Липа се нашла во љубовен триаголник.