ДРЕСОВИТЕ ГИ ЗАМЕНИЈА СО ВОЕНИ УНИФОРМИ: Цел фудбалски тим се приклучи на украинските вооружени сили!

Фудбалерите и членовите на стручниот штаб на украинскиот второлигаш Прикарпатија одлучија да и се приклучат на украинската армија во борбата против руската инвазија.

Клубот соопшти дека 14 луѓе, со тренерите, и се приклучуваат на украинската армија по тренингот што го поминаа.

Google search engine

Многу спортисти се засолниле кога почнала војната, но тоа не е случај со момчињата од Ивано-Франковск. Тие изразија желба да ја одбранат својата земја од руска агресија.

Од клубот се плашеле да се оди на фронтот без било каква воена обука, па во клубот пристигнал еден припадник на армијата за да ги обучи што е можно поскоро.